Расел и Мерцедес блиску до договор 2+1
- Возачот Џорџ Расел е блиску до потпишување на договор два плус еден со Мерцедес вреден околу 30 милиони долари по сезона, пишува „Autosport“.

Лондон, 15 април 2025 (МИА) - Возачот Џорџ Расел е блиску до потпишување на договор два плус еден со Мерцедес вреден околу 30 милиони долари по сезона, пишува „Autosport“.
Преговорите за нов договор течат успешно. Силните перформанси на Расел ја зацврстија неговата позиција, со второто место на Големата награда на Бахреин и вкупно три подиуми на четири трки сезонава.
Актуелниот договор на пилотот со тимот на Мерцедес истекува на крајот на годината.
Во последните неколку недели се зборуваше за потенцијалната преселба на Макс Верстапен од Ред Бул во Мерцедес, но се очекува Расел да договори нов двегодишен договор со опција за продолжување по 2028 година. зс/
Фото: ЕПА