Француските пратеници се очекува утре да гласаат за недоверба на владата на Барние
- Француските пратеници се очекува да гласаат за недоверба на владата на францускиот премиер Мишел Барние в среда попладне, јавија француските медиуми повикувајќи се на извори во парламентарните групи.
Париз, 3 декември 2024 (МИА) - Француските пратеници се очекува да гласаат за недоверба на владата на францускиот премиер Мишел Барние в среда попладне, јавија француските медиуми повикувајќи се на извори во парламентарните групи.
Предлогот за недоверба поднесен од левичарскиот сојуз најверојатно ќе биде усвоен откако екстремно десничарското Национално обединување објави дека ќе го поддржат.
Дебатата треба да започне в среда во 16 часот. паг/
Фото: МИА архива