• среда, 04 декември 2024

Блинкен и Сибиха потпишаа Меморандум за разбирање за поддршка на енергетската отпорност

Блинкен и Сибиха потпишаа Меморандум за разбирање за поддршка на енергетската отпорност

Брисел, 3 декември 2024 (МИА) – САД и голем број други земји се решени да направат се што можат за да продолжат да и помагаат на Украина да изгради енергетска отпорност, а тоа никогаш не било поважно или поитно бидејќи руските сили ги засилуваат нападите врз енергетската мрежа на Украина во текот на зимата, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Блинкен во седиштето на НАТО во Брисел со украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха потпишаа Меморандумот за разбирање меѓу САД и Украина за поддршка на енергетската отпорност

Блинкен потсети дека САД и многу други земји работеа многу напорно за да ја поддржат Украина за да се осигура дека енергетската мрежа е поправена и заменета, како и дополнително интегрирана со европската енергетска мрежа, соопшти Стејт департментот.

Американскиот државен секретар нагласи дека земјите-членки на НАТО се решени да продолжат да прават се што е потребно за Украина да може да се заштити и на крајот да најде фер и трајно решение за ставање крај на војната со Русија. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан