• недела, 28 јули 2024

Финалистката на Вимблдон, Жабер падна на петтото место на ВТА ранг-листата

Финалистката на Вимблдон, Жабер падна на петтото место на ВТА ранг-листата
Лондон, 11 јули 2022 (МИА) – Женската тениска асоцијација (ВТА) на својата официјална веб-страница денес го претстави ажурираниот рејтинг на тенисерките. На првото место остана Ига Швјонтек од Полска, втора Естонката Анет Контавеит, тројката ја затвори Марија Сакари од Грција. Финалистката на Вимблдон, Онс Жабер од Тунис падна од второто на петтото место. Победничката на Грен слемот во Лондон, Елена Рибакина од Казахстан се искачи на 23. место. Треба да се напомене дека ВТА го лиши Вимблдон од рејтинг поени поради одлуката на организаторите да не дозволат учество на руски и белоруски тенисерки. На четвртото место е Паула Бадоса (Шпанија), а Топ 10 се најдоа и: Арина Соболенко (Белорусија), Даниел Колинс (САД), Џесика Пегула (САД), Гарбине Мугуруза (Шпанија) и Ема Радукану (Велика Британија). зс/

Остани поврзан