• сабота, 28 декември 2024

Формула 1 ја продолжи соработката со Монца

Формула 1 ја продолжи соработката со Монца

Монца, 27 ноември 2024 (МИА) - Челниците на Формула 1 најавија дека најбрзиот караан сигурно ќе ја посетува познатата италијанска патека, Монца до 2031 година.

Монца ќе остане дел од тркачкиот календар како дом на Италијанското ГП откако потпиша нов шестгодишен договор. Претходниот важеше до крајот на следната сезона.

Соработката ќе продолжи бидејќи Монца спроведе значителни подобрувања на патеката и околниот комплекс.

Неодамна, дури 335.000 фанови присуствуваа на тркачкиот викенд во величественото здание кога возачот на Ферари, Шарл Леклер ја освои победата на Големата награда на Италија.

„Храмот на брзината“ е изграден во 1922 година и е член на календарот на Формула 1 секоја сезона од основањето на натпреварувањето (во 1950 година), со исклучок на 1980 година, кога тоа беше невозможно поради реновирање.

Патеката е долга 5,8 километри, а самата патека е особено популарна затоа што дури и во 80 отсто од времето на возењето, натпреварувачите не ја тргаат ногата од педалата за гас.

Петмина активни возачи во караванот во Формула 1 триумфираа во Монца – Луис Хамилтон, Фернандо Алонсо, Пјер Гасли, шампионот Макс Верстапен и споменатиот Леклер. дс

Фото: Архива

Остани поврзан