Ван Нистелрој нов менаџер на Лестер
- Некогаш славниот холандски фудбалер, а денес тренер, Руд Ван Нилстерој ќе го преземе Лестер Сити, дознава британскиот весник „Телеграф“
Лестер, 27 ноември 2024 (МИА) - Некогаш славниот холандски фудбалер, а денес тренер, Руд Ван Нилстерој ќе го преземе Лестер Сити, дознава британскиот весник „Телеграф“.
„Лисиците“ неодамна се разделија со Стив Купер по поразот од Челси во 12. коло во Премиер лигата.
Ван Нилстерој ја заврши својата богата играчка кариера во 2012 година, а со голем успех настапуваше за Херенвен, ПСВ, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, ХСВ и Малага.
За холандската репрезентација, 48-годишниот играч одигра 70 натпревари и постигна 35 гола.
Ван Нистелрој ја започна својата независна тренерска кариера во март 2022 година, заменувајќи го отпуштениот Роџер Шмит на клупата на ПСВ.
Претходно работеше во младинската академија на клубот од Ајндховен, а во првата сезона во сениорскиот фудбал ги освои Јохан Кројф Шилд (Суперкуп) и Купот на Холандија.
Коло пред крајот на Ередивизи поднесе оставка, наведувајќи како причина недостаток на поддршка во клубот.
Претходната сезона беше без ангажман, пред летото да дојде повикот на Ерик Тен Хаг, а тој му се придружи како асистент во Манчестер Јунајтед. Кога поранешниот тренер на Ајакс беше разрешен од должностите на „Олд Трафорд“, Ван Нистелрој беше привремено решение, само за 4 меча подоцна новиот менаџер Рубен Аморим да одлучи да не го вклучи во својот тренерски штаб.
Лестер е непоразен во последните пет натпревари во сите натпреварувања.
„Лисиците“ го заземаат 16. место на табелата во Премиер лигата, а Ван Нилстерој ќе има задача да го спречи поранешниот шампион на Англија да се врати во Чемпионшип.
Лестер во следното коло гостува кај Брентфорд. Таа средба е закажана за сабота во 16 часот. дс
Фото: Архива