Ферари нема да го менува персонал во боксот
- Извршниот директор на Ферари, Матија Биното, реагираше на критиките од Нико Розберг.
Маранело, 5 јуни 2022 (МИА) – Извршниот директор на Ферари, Матија Биното, реагираше на критиките од Нико Розберг.
На вчерашната трка за Големата награда на Холандија, механичарите во боксот направија серија грешки при влегувањето на Карлос Сајнц, а во текот на целата сезона тимската тактика ја следат необични стратегии.
Шампионот во Формула 1 од 2016 година и експерт Розберг, на Скај Спортс изјави дека „Дури и тимовите во Формула 2 и Формула 3 се подобри во стратегијата и застанувањето во бокс од Ферари.
Дополнително, Нико сугерираше дека на Скудерија „и се потребни фундаментални промени“ во однос на персоналот.
Еве го одговорот на Биното:
„Нема да менуваме стручњаци. Поважно е да се одржи стабилноста и да се трудиме да се подобруваме од трка во трка. Имаме одличен тим, не се сомневам во тоа.
Во Генералниот поредок Макс Верстапен од Ред Бул е лидер со 310 бода, пред Шарл Леклер од Ферари со 201. зс/