• сабота, 23 ноември 2024

Украинскиот претседател го смени шефот на Силите за територијална одбрана

Украинскиот претседател го смени шефот на Силите за територијална одбрана

Киев, 9 октомври 2023 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Игор Тансјура од функцијата шеф на Територијалните одбранбени сили на вооружените сили на Украина и на негово место го назначи Анатолиј Бархилевич.

„Да се ​​разреши Игор Иванович Тансјура од функцијата шеф на Територијалните одбранбени сили на вооружените сили на Украина“, се вели во декретот. 

За командант на силите беше назначен генерал-мајор Анатолиј Бархилевич. Тансјура беше назначен на функцијата во мај минатата година.

Работата на силите за територијална одбрана опфаќа заштита на критичната инфраструктура, спречување саботажа, неутрализација на непријателските разузнавачки сили и севкупно одржување на безбедноста во Украина. Тие мора да ја одржуваат безбедноста додека главните вооружени сили се во целосна мобилизација. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан