• понеделник, 14 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Украина помина прва ноќ без напади со дронови од декември

Украина помина прва ноќ без напади со дронови од декември

Киев, 1 април 2025 (МИА) – Украина помина прва ноќ без напади со дронови од декември минатата година, соопшти денеска украинското воздухопловство, истакнувајќи дека руските сили лансирале два крстаречки ракети, од кои и двете биле успешно соборени.

Од декември, руските сили секојдневно напаѓаат украински цели со илјадници дронови кои вообичаено ги лансираат ноќе, потсети ДПА.

Според бројките објавени во Киев, од почетокот на годината се лансирани повеќе од 10.700 борбени дронови и дронови мамки – кои се наменети да ги насочат нападите на украинската противвоздушна одбрана.

Повеќе од 4.200 летечки објекти биле лансирани само во март.

САД се обидуваат да посредуваат за прекин на огнот и последователен мировен договор меѓу Русија и Украина, а неодамна и се заканија на Москва со дополнителни санкции. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан