• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Поранешниот претседател на Јужна Кореја на суд ги негира обвинувањата

Поранешниот претседател на Јужна Кореја на суд ги негира обвинувањата

Сеул, 14 април 2025 (МИА) - Поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук-јеол негираше денеска пред судот во Сеул, на неговото прво рочиште, дека на 3 декември накратко прогласил воена состојба во земјата затоа што сакал да изврши бунт за да го поткопа Уставот, за што е обвинет.

Јун влезе во Централниот окружен суд во Сеул преку подземен паркинг за да ја избегне јавноста, а фотографирањето и снимањето не беа дозволени според судски налог, објавија јужнокорејските медиуми.

Поранешниот јужнокорејски претседател се соочува со обвиненија дека водел бунт за време на воведувањето на воената состојба на 3-ти декември кога војската била распоредена во Националното собрание.

Тој беше отповикан од Националното собрание неколку дена подоцна, а сменет од функцијата на 4 април, откако Уставниот суд едногласно го поддржа неговото отповикување. Според јужнокорејскиот закон, бунтот носи максимална казна доживотен затвор или дури и смртна казна. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан