• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Украина и Полска со нов договор за одбранбена соработка

Украина и Полска со нов договор за одбранбена соработка

Варшава, 6 март 2025 (МИА) - Украина и Полска договорија акциски план за итни и долгорочни одбранбени проекти, соопшти украинскиот министер за одбрана, Рустем Умеров, на заедничка прес-конференција со полскиот министер Владислав Косинјак-Камиш, одржана денеска во Варшава.

Полска останува еден од главните логистички центри за испорака на воена помош за Украина, а новиот договор предвидува засилување на противвоздушната одбрана и заеднички развој на воени технологии.

„Полска подготвува нов воен пакет вреден над 200 милиони евра за Украина“, изјави Косинјак-Камиш, истакнувајќи дека поддршката од Варшава останува цврста. Според него, продолжувањето на преговорите меѓу Украина и САД дава надеж за праведен мир. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан