Хипер: ЕУ е гласна и јасна во својата поддршка за Данска околу Гренланд
- Европската Унија целосно ги поддржува принципите на суверенитет, територијален интегритет на границите и Повелбата на ОН и стои зад Данска во однос на нејзината територија Гренланд, изјави денеска портпаролката на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер.

Брисел, 24 март 2025 (МИА) - Европската Унија целосно ги поддржува принципите на суверенитет, територијален интегритет на границите и Повелбата на ОН и стои зад Данска во однос на нејзината територија Гренланд, изјави денеска портпаролката на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер.
- Тоа се универзални принципи зад кои стоиме и нема да престанеме да ги браниме, уште повеќе ако е доведен во прашање територијалниот интегритет на земји членки на Европската Унија, додаде Хипер во одговор на новинарско прашања за најавената посета на американска делегација на Гренланд.
На дополнително прашање нели смета дека ЕУ е „премногу тивка“ кога станува збор за поддршката на Данска во однос на американските аспирации кон Гренланд, Хипер кусо одговори: „Мислам дека сме гласни и јасни“.
Запрашана за коментар на изјавата на американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс дека Данска е „лош сојузник“ на САД, Хипер изјави дека не можам да коментирам какви било изјави што доаѓаат од американска страна, додавајќи дека ЕУ останува целосно посветена на поддршка на Данска. сп/
Фото: МИА Архива