• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Албанија преговара со пет  странски компании за производство на артилерија и борбени дронови

Албанија преговара со пет  странски компании за производство на артилерија и борбени дронови

Тирана, 26 март 2025 (МИА) - Министерот за одбрана Пиро Венгу изјави дека многу наскоро Албанија може да започне со производство во воената индустрија, главно во артилерија, муниција, борбени дронови и униформи „Made in Albania“.

Венгу во телевизиско интервју зборуваше за чекорите кои се преземени во оваа насока со законот за воената индустрија, усвоен минатата година.

- Од целиот правен пакет се создадени два субјекта, домашна и странска компанија. Една од нив е „КАЈО",  која е државна компанија за производство на муниција, опрема и системи, која ја прегрупираше целата стара воена индустрија, меѓу кои фабриките Поличан, Грамш и Мјекеш, рече Венгу.

Според него, досега интерес пројавиле 21 странска компанија за инвестирање во производство на муниција, униформи, оклопни возила, борбени дронови.

- Преговараме со пет од нив и верувам дека наскоро ќе имаме добри вести во оваа насока, особено за регенерација на производствената активност, за артилерија, муниција, борбени дронови и униформи „Made in Albania“ во овие фабрики, најави тој. 

Венгу додаде дека Албанија е „мал пазар, земја со релативно скромно население и средства во споредба со земјите на НАТО" и поради тоа, како што рече, „мора да ги здружиме силите за да ги постигнеме целите и капацитетите што мора да ги имаме за повторно вооружување или системите што ги користиме". вт/паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан