• четврток, 17 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

САД и Франција ги предупредија нивните граѓани во Сирија да бидат внимателни поради зголемениот ризик од напади

САД и Франција ги предупредија нивните граѓани во Сирија да бидат внимателни поради зголемениот ризик од напади

Вашингтон, 29 март 2025 (МИА) - Соединетите Американски Држави и Франција ги предупредија нивните граѓани во Сирија да бидат внимателни поради зголемениот ризик од напади во земјата, каде безбедносната ситуација останува нестабилна по соборувањето на режимот на Башар ал Асад, пренесуваат агенциите.

Според Стејт департментот, нападите би можеле да бидат насочени кон амбасади, меѓународни организации и јавни институции во главниот град на Сирија. Методите на напад може да вклучуваат и употреба на експлозивни направи.

Француското Министерство за надворешни работи не препорачува Французите да патуваат во Сирија бидејќи можат да станат цел на терористички групи. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан