• вторник, 19 ноември 2024

Трка на деца од градинки во Градскиот парк

Трка на деца од градинки во Градскиот парк

Скопје, 5 април 2024 (МИА) – По повод  Меѓународната недела на здравјето, ЈУ Детски културен центар „Карпош“ денеска ќе организира трка во Градскиот парк за деца од градинки, со порака „Спортувањето и здравиот начин на живеење ќе придонесат за долг и здрав живот“.

Ќе учествуваат деца од градинките од Скопје и околината кои од 11 часот ќе трчаат на тартан патеката во Градскиот парк на 250 метри, во мешана категорија - момчиња и девојчиња. 

-Исто така, ќе се трча и штафетно трчање 200 метри, 4 по 50 метри, соопшти ДКЦ „Карпош“. хс/ев/

Фото: Детски културен центар „Карпош“ 

Остани поврзан