• сабота, 23 ноември 2024

Тренчевска: Со младинскиот додаток ги поттикнуваме младите да се вклучуваат во производство

Тренчевска: Со младинскиот додаток ги поттикнуваме младите да се вклучуваат во производство

Скопје, 8 ноември 2023 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска за време на денешната посета на компанијата „Раде Кончар - ТЕП“ во Скопје се сретна и со седумте вработени до 23 години, при што информираше дека пет од нив веќе се дел од младите кои се приматели на младинскиот додаток.

Како што информираат од Министерството, младинскиот додаток се обезбедува со цел поттикнување на младите лица повеќе да се вклучуваат на пазарот на трудот во производствената дејност. Висината на младинскиот додаток е 3000 денари и е регулиран согласно Законот за младински додаток.

Компанијата „Раде Кончар - ТЕП“ беше добитник на Националната Награда за компанија со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа за 2023 година. Компанијата има 75 вработени од кои 23 се жени, а седум се млади до 23 години.бт/дма/

Фото: Министерство за труд и социјална политика

Остани поврзан