• среда, 13 ноември 2024

Тренчевска: Да ги прославуваме најголемите празници во духот на солидарноста, праведноста и еднаквоста

Тренчевска: Да ги прославуваме најголемите празници во духот на солидарноста, праведноста и еднаквоста

Скопје, 21 април 2023 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на граѓаните од исламска вероисповед им го честита празникот Рамазан Бајрам.

- Почитувани сограѓани од исламската вероисповед, Ви го честитам големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На овие празници кога сте со вашите најблиски, ви посакувам благосостојба, среќа и мир. Нека вашите молитви бидат слушнати. Да ги прославуваме најголемите празници во духот на солидарноста, праведноста и еднаквоста, напиша министерката на нејзината Фејсбук страница.

Тренчевска додаде дека мозаикот на нашето општество, во светиот месец Рамазан, блеснува со меѓучовечко разбирање и помагање, живее во духот на едно општество за сите. бд/дма/

ФОТО: Фејсбук страница на министерката Јованка Тренчевска

Остани поврзан