• недела, 29 декември 2024

Филипче: Храброста на нашите борци од НОБ е темелот на слободата што ја живееме

Филипче: Храброста на нашите борци од НОБ е темелот на слободата што ја живееме

Скопје, 13 ноември 2024

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска упати честитика до граѓаните по повод Денот на ослободувањето на Скопје. Филипче во честитката порача дека исто како пред 80 години кога нашите предци храбро и одлучно се изборија за слободата, така и денес сите имаме обврска да го продолжиме нивниот аманет, да ја зачуваме слободата и да градиме слободно и демократско општество.

„Денес оддаваме почит на храброста и истрајноста на хероите од Народноослободителната борба, кои се заслужни за слободата што ја живееме. На 13 ноември 1944 година, улиците на Скопје беа ослободени од фашистичкиот окупатор, а градот го доби симболот на отпор и надеж. Во време на економски и политички предизвици, треба да се сеќаваме и да не води храброста и одлучноста на нашите предци. Тие не се откажаа, се бореа за слобода, правда и еднаквост. После осум децении, ние потомците на НОБ ја имаме истата цел, да се избориме за слободно и демократско општество, за Скопје какво што го заслужуваат граѓаните, за град кој ќе се развива како европска и културно напредна метропола. Слава им на хероите, нека е честит и вековит 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје“, стои во честитката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: СДСМ 


 

 

Остани поврзан