• сабота, 09 ноември 2024

Трајковски на увид на изградбата на три улици во делчевската населба Пролет

Трајковски на увид на изградбата на три улици во делчевската населба Пролет

Делчево, 26 септември 2024 (МИА) - Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски денеска изврши увид во изградбата на три улици во населбата Пролет. Градежните работи, како што истакна, се во должина од 500 метри.

- Се работи со полна пареа на изградба на улица 3 , улица 5 и улица 6 во населба Пролет во Делчево. Се работи за населба каде претходно се работеше на поставување на атмосферска канализација, истакна Трајковски.

Работите се во напредна фаза и со предвидената динамика очекува што поскоро доведување на улиците до фаза на асфалтирање.

- За многу краток период жителите од оваа населба ке добијат асфалтирани улици,со што значително ќе го подобриме квалитетот на живот во  населба Пролет. Со тоа по долги години чекање и овие жители ќе имаат подобар пристап без газење кал, додаде Трајковски 

Изведувач на работите е Атеа фемили ДООЕЛ Зелениково. вс/цр


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан