Трамп ќе го именува Даг Бургам за министер за внатрешни работи
- Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп најави дека ќе го именува гувернерот на Северна Дакота, Даг Бургам за секретар за внатрешни работи
Вашингтон, 15 ноември 2024 (МИА) – Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп најави дека ќе го именува гувернерот на Северна Дакота, Даг Бургам за секретар за внатрешни работи.
- Бургам фантастично ќе го води Министерството за внатрешни работи, наведе Трамп.
Гувернерот на Северна Дакота е познат по своите конзервативни ставови, а претходно се обиде да се кандидира за републиканската претседателска номинација, но се откажа и стана поддржувач на Трамп. ми/
фото: ЕПА