• среда, 18 декември 2024

Бразил на самитот на Г20 ја покрена Глобалната алијанса против гладта и сиромаштијата

Бразил на самитот на Г20 ја покрена Глобалната алијанса против гладта и сиромаштијата

Рио де Женеиро, 15 ноември 2024 (МИА) - Бразил денеска, на самитот на Г20, ја покрена Глобалната алијанса против гладта и сиромаштијата, а првите 41 членка на организацијата ветија дека ќе им помогнат на 500 милиони ранливи луѓе преку парични трансфери и системи за социјална заштита.

Иницијативата ги обединува развиените земји, невладините организации и финансиските институции за да донираат пари и експертиза на земјите на кои им е потребна.

Целта на Алијансата е да ги отстрани сите нации од картата на глад на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) до 2030 година. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан