• недела, 06 октомври 2024

Сѐ е подготвено за старт – ќе се трча HalkEco Скопје Трча 10КМ

Сѐ е подготвено за старт – ќе се трча HalkEco Скопје Трча 10КМ
Скопје, 13 јуни 2021 (МИА) - Со почеток од 7:30 часот денеска ќе се одржи традиционалната трка HalkEco Скопје Трча 10КМ. Стартот и целта на овогодинешната десет километарска трка ќе бидат на улицата Илинденска, пред фонтаната Лотос. Натпреварувачите, пред стартот на трката ќе бидат поделени во пет стартни боксови, согласно одбраното време за трчање и ќе трчаат еден круг. Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, заедно со Атлетскиот Клуб „Работнички“ од Скопје и насловениот спонзор HalkBank, а генерален покровител на трката е Агенцијата за Млади и Спорт на Р.С.Македонија. Организаторите на HalkEco Скопје Трча 10КМ трката информираа дека во недела во период од 7:00 до 10:00 часот, на скопските улици ќе има привремен режим на сообраќај и промена на режимот на работа на линиите на Јавниот градски превоз. Дел од улиците ќе бидат целосно затворени за сообраќај, а некои делумно. Како што е најавено, ќе се трча од стартот на булевар Илинден, во правец кон Карпош 4, па лево од улицата Никола Парапунов до булеварот Партизански одреди, каде што ќе се врти десно во правец кон Ѓорче Петров, а кај мостот Влајко ќе се врти полукружно на раскрсницата со Ангел Динев, потоа ќе се трча по булеварот Партизански одреди до раскрсницата со улица Љубљанска, каде ќе се врти полукружно и ќе се трча до раскрсницата со улица Никола Парапунов, по што ќе се трча до самиот крај на улицата и ќе се врти десно на булеварот Илинден, по кој ќе се трча до целта, кај фонтаната Лотос. Целосно затворени за сообраќај  ќе бидат: булеварот Илинден во двете насоки, од раскрсницата со булеварот Климент Охридски до раскрсницата со улицата Никола Парапунов, булеварот Партизански одреди во правец кон Ѓорче Петров, од раскрсницата со улицата Љубљанска до раскрсницата со улицата Ангел Динев, како и улицата Никола Парапунов, од раскрсницата со булеварот Илинден до раскрсницата со Партизански одреди. Сообраќајот ќе биде делумно затворен на следните улици: булеварот 8ми Септември, од раскрсницата со булевар Партизански одреди до раскрсницата со улицата Скупи, улицата Бледски договор, а сите улици кои се вкрстуваат со булевар Илинден ќе бидат затворени за влез кон булеварот. цр/сп/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан