• недела, 24 ноември 2024

Судскиот процес за „Тендери“ одложен за 20 април

Судскиот процес за „Тендери“ одложен за 20 април

Скопје, 7 април (МИА) - Судењето за случајот „Тендери“, против поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, е одложено за 20 април годинава.

На денешното рочиште присутна беше Елизабета Канческа Милевска, но не дојде нејзиниот бранител адвокатот Сашо Дуковска, кој писмено го известил Судот дека има итна медицинска интервенција на близок член од неговото семејство.

На денешното рочиште требаше да се почне со завршни зборови на Обвинителството.

Канческа Милевска е првообвинета во предметот „Тендери“ за малверзации со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, како дека од проектот „Скопје 2014“, со што буџетот, според обвинителниот акт, бил оштетен за околу 54 милиони денари.

Според обвиниението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка. аа/сп/

Остани поврзан