• недела, 24 ноември 2024

Средба на претседателот на Собранието Џафери со финскиот амбасадор Никлас Линдквист

Средба на претседателот на Собранието Џафери со финскиот амбасадор Никлас Линдквист

Скопје, 13 декември 2023 

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска имаше средба со новиот амбасадор на Финска во нашата земја со седиште во Белград, Н.Е. Никлас Линдквист, на кој му упати честитки за именувањето и му посака успешна работа. Во продолжение, претседателот ги истакна добрите билатерални односи и посочи дека со членството на Финска во НАТО, имаме можност повеќе за интензивирање и проширување на соработката.

Тој исто така изрази благодарност за поддршката на Финска во контекст на аспирациите на нашата земја за интеграција во Европската Унија. Неизбежна тема на разговор беа техничката влада и претседателските и парламентарните избори во нашата земја идната година. Беше спомната и Пратеничката група за соработка со Финска, која се формира во Собранието во секој парламентарен состав.

Амбасадорот Линдквист се заблагодари за брзата ратификација на пристапниот протокол на Финска во НАТО од страна на нашето Собрание и истакна дека заедничкото членство во НАТО е одлична основа за соработка меѓу двете земји. Тој го спомна и искуството на Финска во регионалната соработка со нордиските земји, искуство кое може да го споделат со Република Северна Македонија и другите земји на Западен Балкан. Амбасадорот Линдквист упати и пофалби до нашата земја за одличната организација на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје пред десетина дена.

Претседателот Џафери на крајот на средбата му потврди на амбасадорот Линдквист дека Собранието ќе биде и понатака отворено за секоја пријателска посета и соработка со Финска.

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан