• недела, 17 ноември 2024

Средба на Пендаровски со освојувачот на прво место на Олимпијадата по англиски јазик Хипо, Вања Ѓорѓиоски

Средба на Пендаровски со освојувачот на прво место на Олимпијадата по англиски јазик Хипо, Вања Ѓорѓиоски

Скопје, 14 ноември 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Вања Ѓорѓиоски, ученик во шесто одделение од Прилеп, кој освои прво место на олимпијадата по англиски јазик Хипо (Hippo English Language Olympiad), информираат од Кабинетот на шефот на државата.

Во финалето на натпреварот, што се одржа од 28 до 30 септември во италијанскиот главен град Рим, Ѓорѓиоски освои златен медал во категоријата „Хипо 1“ во конкуренција на 28 ученици од целиот свет.

- Претседателот Пендаровски упати честитки до Ѓорѓиоски за големиот успех, постигнат во конкуренција со кандидати од 54 земји и со учество на 184 ученици во финалните рунди на натпреварувањето, се вели во соопштението од претседателскиот Кабинет.

Хипо е меѓународна олимпијада што се организира со цел да ја промовира важноста на познавањето на англискиот јазик и да ги зближи децата од различни земји. сст/сп/

Остани поврзан