• недела, 01 септември 2024

Србинот Самарџиќ на радарот на Наполи по заминувањето на Елмас

Србинот Самарџиќ на радарот на Наполи по заминувањето на Елмас

Неапол, 25 декември 2023 (МИА) – Актуелниот италијански првак Наполи му се приклучи на Јувентус во обидот да го донесе во своите редови српскиот фудбалски репрезентативец Лазар Самарџиќ.

Како што пренесуваат денеска италијанските медиуми, Наполи ќе се обиде да го ангажира 21-годишнито играч за врска на Удинезе како замена за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој минатата недела го напушти клубот од Неапол и потпиша за бундеслигашот Лајпциг.

Наполи минатата сезона ја освои шампионската титула во Италија по пауза од 33 години, но оваа сезона е далеку од истата форма.

Клубот од Неапол е седмопласиран на табелата во Серија по 17 кола со 27 бодови, 17 помалку од лидерот Интер. ег/мс/

фото: Фејсбук

Остани поврзан