Балде се повреди, речиси сигурно ќе го пропушти финалето на Купот
- Дефанзивецот на Барселона, Алехандро Балде, кој беше принуден да игра на натпреварот против Леганес (1:0), има повреда на левата натколеница и е под знак прашалник дали ќе се врати во игра до крајот на сезоната, објави во неделата шпанскиот клуб.

Барселона, 13 април 2025 (МИА) - Дефанзивецот на Барселона, Алехандро Балде, кој беше принуден да игра на натпреварот против Леганес (1:0), има повреда на левата натколеница и е под знак прашалник дали ќе се врати во игра до крајот на сезоната, објави во неделата шпанскиот клуб.
-Лекарските прегледи утринава потврдија дека тој има повреда на феморалниот бицепс на левата надколеница, напиша Барселона во соопштението, без да го прецизира периодот на неговото отсуство.
Според шпанскиот печат, младиот лев бек ќе пропушти неколку недели и сигурно нема да биде достапен за следните натпревари на тимот на Ханси Флик, како реваншот против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите и дуелите од Ла Лига против Селта и Мајорка.
Речиси сигурно нема да биде достапен за финалето на Кралскиот Куп против Реал Мадрид на 26 април. дс
Фото: Архива