• сабота, 23 ноември 2024

Софија годинава ќе биде домаќин на најголемата изложба на автомобили во Европа

Софија годинава ќе биде домаќин на најголемата изложба на автомобили во Европа

Софија, 14 октомври 2024 - Софија годинава ќе биде домаќин на најголемата изложба на автомобили во Европа, најави во Националниот прес-клуб на БТА во Софија, Александар Костадинов, претседател на Управниот одбор на Здружението на автомобилски производители. Изложбата „Автомобилски салон Софија 2024“ ќе се одржи меѓу 18 и 27 октомври во „Интер Експо Центар“.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Настанот се организира 26-ти пат по ред, на кој има најмногу премиери и најмногу учесници. Ќе се видат автомобили кои се во продажба и кои штотуку се пуштени во продажба. Тие ги покажуваат насоките во кои се развива мобилноста во Европа. Визијата е за прифатлива и јаглеродно неутрална мобилност, за подобрување на животната средина, на сечиј живот и на економијата на континентот. Изложбата во Париз почнува денеска, но таа во Софија е најголема, рече Александар Костадинов.

Трендот за автомобилски саеми е јасно намален - од 12 пред една година на само два оваа година - во Софија и Париз, додаде тој.

Отворањето ќе биде во петок, 19 октомври. Ќе бидат изложени нови модели, винтиџ автомобили како и кампери претставени од колекционери.

Ќе има и штанд на Националната полиција со нова опрема, камери и луксузни автомобили за полицајците. Таму луѓето ќе можат да проверам дали имаат казни за наплата.

Исто така, ќе има и сала за забава погодна за млади и стари љубители на автомобилскиот спорт со награди за победниците на игрите.

На саемот ќе има производители на делови, гуми и масла, како и станици за полнење електрични автомобили.

Влезот на изложбата е со влезници - на лице место или онлајн.

 

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

 

 

 

Остани поврзан