• среда, 01 април 2026

Блокирани иновации: Зошто Европа ја спречува комерцијалната употреба на беспилотни летала?

Блокирани иновации: Зошто Европа ја спречува комерцијалната употреба на беспилотни летала?

1 април 2026

Еуроњуз

Додека беспилотните летала сè повеќе ги поттикнуваат иновациите во различни индустрии, нивната употреба во европското земјоделство останува ограничена, првенствено поради регулаторната рамка што ја забавува пошироката употреба на оваа технологија.

На современите земјоделски саеми, покрај традиционалните машини како што се трактори и комбајни, технолошките решенија базирани на софтвер, вештачка интелигенција и автоматизација привлекуваат сè поголемо внимание, меѓу кои беспилотните летала исто така заземаат значајно место.

Употребата на беспилотни летала во Европската Унија е регулирана од Агенцијата на ЕУ за безбедност на воздухопловството (ЕАСА), а повеќето активности се класифицирани во категориите „отворени“ и „специфични“ операции.

Додека едноставните цели, како што е снимањето, полесно се одобруваат, употребата во земјоделството е предмет на многу построги правила.

Причината за ова е што употребата на беспилотни летала во земјоделството често вклучува прскање пестициди, што дополнително е регулирано со Директивата 2009/128/EC, која забранува нивна употреба од воздух.

Во пракса, ова значи дека добивањето дозволи е сложено и варира од земја до земја.

Ограничувања во однос на другите земји

За разлика од Европа, во Соединетите Американски Држави, употребата на дронови во земјоделството е дозволена со соодветни сертификати. Во ЕУ, пристапот е порестриктивен, бидејќи употребата се одобрува само во случаи кога нема одржливи алтернативи, пишува ЕУ Тек Луп (EU Tech Loop).

Во пракса, ова значи дека само производителите кои работат во специфични услови, како што се оние на стрмен терен, каде што употребата на друга машинерија е тешка, можат да добијат ослободувања.

Неуспешни реформи и потенцијалот на технологијата

Прашањето за регулирање на дронови беше вклучено и во предлогот за Директива за одржлива употреба на пестициди за време на претходниот мандат на Европската комисија.

Сепак, овој предлог не беше усвоен, откако беше отфрлен од Европскиот парламент, а потоа повлечен поради политичко и секторско противење.

Писмото, предводено од Португалија и поддржано од 14 земји-членки на крајот на 2024 година, истакна дека развојот на технологии за прецизно земјоделство, вклучително и дронови, може значително да придонесе за одржливоста на секторот.

Експертите истакнуваат дека употребата на дронови при прскање носи бројни придобивки, вклучувајќи поефикасна употреба на пестициди и намалена изложеност на работниците на хемикалии, што дополнително ја истакнува потребата од нивна поширока примена. мс/јт/

фото: Архива

Остани поврзан