• среда, 13 ноември 2024

Совет за безбедност: Безбедносната состојба е стабилна и нема индиции кои укажуваат на можно нејзино загрозување

Совет за безбедност: Безбедносната состојба е стабилна и нема индиции кои укажуваат на можно нејзино загрозување

Скопје, 1 ноември 2023 (МИА) - Безбедносната состојба во државата е стабилна и нема индиции кои укажуваат на можно нејзино загрозување, е заклучок од денешната 19. Седница на Советот за безбедност, на која се разговарало за безбедносната состојба во земјава и во евроатлантскиот регион.

Надлежните претставници на институциите, како што се наведува во соопштението на Кабинетот на претседателот, информирале за тековните безбедносни прашања поврзани со земјата и поширокиот регион, вклучувајќи ја руската агресија врз Украина, случувањата на Блискиот Исток и состојбата на северот во Република Косово.

null

-Како членка на НАТО, Република Северна Македонија е во редовна координација со Алијансата и сојузниците по однос на активности кои се преземаат за зајакнување на безбедноста во евроатлантскиот простор, се вели во соопштението. 

На седницата на СБ била констатирана потребата надлежните институции да продолжат да ги следат состојбите и да изготвуваат можни сценарија согласно развојот на настаните, со цел навремено преземање на мерки и активности од нивна надлежност.

null

На седницата освен шефот на државата Стево Пендаровски, присустувале и директорите на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, Зарко Милошевски и Еролд Муслиу, информираа од Кабинетот на претседателот.

Осумчленото тело го сочинуваат претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски, министрите за внатрешни работи, одбрана и за надворешни работи Оливер Спасовски, Славјанка Петровска и Бујар Османи, Ненад Марковиќ, професор на Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Трајан Гоцевски, поранешен министер за одбрана и универзитетски професор и  Ветон Љатифи, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа. ац/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан