• понеделник, 15 декември 2025

Советот за превенција на општина Дебар расправаше по прашања од значење за безбедноста и благосостојбата на граѓаните

Советот за превенција на општина Дебар расправаше по прашања од значење за безбедноста и благосостојбата на граѓаните

Дебар, 5 мај 2025 (МИА) - Советот за превенција на општина Дебар, под раководство на градоначалникот Хекуран Дука, попладнево ја одржа својата петтата седница,  на која се дискутираше за прашања од значење за безбедноста и благосостојбата на граѓаните. 

-Посебен акцент беше ставен на мерките за зголемување на јавната безбедност и превенција од кражби и разни закани, управување со отпадот и организирано чистење на градот во летната сезона, превенција од пожари и контроли на отворен и затворен простор, како и  контроли на почитувањето на условите за работа и работното време од страна на угостителските објекти, информираа од општината. 

Во фокусот на средбата било и регулирањето на сообраќајот и паркирањето на возилата во урбаните зони, посебно во летниот период кога во родните места масовно престојуваат печалбарите.  Станало збор и за други прашања од превентивен и организациски карактер.

-На седницата беа усвоени конкретни цели кои ќе се реализираат во нај оптимален рок, со цел унапредување на животните услови и безбедноста во нашиот град. Општина Дебар им се заблагодарува на сите учесници за нивниот придонес и ги повикува граѓаните да бидат вклучени и да соработуваат во остварувањето на овие заеднички цели – за почист, побезбеден и подобро организиран Дебар, нагласуваат од општината. 

На средбата присуствуваа претседаелот на Советот на општината Фуат Спахиу,  раководители на сектори во локалната самоуправа, Началникот на Одделението за внатрешн работи, Командирот на полициската станица, Територијалната противпожарна единица, Подружницата „Стогово“ на ЈП „Национални шуми“, ЦУК, ДЗС, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, како и од Јавното комунално претпријатие “Стандард“. вт/

Фото: Општина Дебар

Остани поврзан