• понеделник, 15 декември 2025

Во Кочани акција за чистење на улици тротоари во делови од градот

Во Кочани акција за чистење на улици тротоари во делови од градот

Кочани, 14 декември 2025 (МИА) - Со цел да се подобри степенот на јавната чистота во текот на викендот екипи на КЈП „Водовод“ од Кочани реализираа акција за чистење на улиците и тротоарите низ градот. 

- Активностите беа насочени кон јавни површини на кои подолг период немало одржување и собирање на отпад, велат од локалната самоуправа на Општина Кочани.

Мобилните екипи на комуналното претпријатие  го исчистија потегот од чешмата во „Стришани“ кон „Белското маало“, како и потегот од Џамијата над градскиот пазар кон рекреативниот центар „Бавчалук“, долж улицата „Гоце Делчев“.

Градоначалникот Грозданов нагласи дека ваквите акции ќе продолжат и во наредниот период.

– Одржувањето на јавната чистота е наша заедничка одговорност. Општината и комуналните служби ќе продолжат со редовни интервенции, но апелирам и до граѓаните со совесно однесување да придонесат за почисто и поуредно Кочани – нагласи, Грозданов. ис/мд/

фото: Општина Кочани

 

Остани поврзан