Предновогодишно со возчето на Доброволното противпожарно друштво од Кочани и Дедо Мраз
- Членовите на ДПД од Кочани, по сопствена иницијатива и по повод новогодишните и божиќните празници, малото пожарникарско возче го претворија во новогодишно. Празничната магија ја надополни Дедо Мраз, кој заедно со нив денеска ги возеше, поздравуваше и радуваше најмалите.
Кочани, 14 декември 2025 (МИА) - Членовите на ДПД од Кочани, по сопствена иницијатива и по повод новогодишните и божиќните празници, малото пожарникарско возче го претворија во новогодишно. Празничната магија ја надополни Дедо Мраз, кој заедно со нив денеска ги возеше, поздравуваше и радуваше најмалите.

-Денес ги возевме дечињата покрај Кочанската Река, а нивните насмевка и радост се најдобар показател дека она што сакавме и го постигнавме, ни рекоа пожарникарите – доброволци.

Првото возење со пожарникарското возче беше бесплатно. Во текот на наредните денови и за време на претстојните празници пожарникарите ќе постават кутија за донации, каде што родителите и граѓаните чии деца ќе се повозат со ДПД - возчето, ќе можат по сопствена желба да донираат.

Собраните средства ќе бидат наменети за набавка на ново противпожарно возило, за потребите на ДПД Кочани. ис/мд/
фото: МИА