• сабота, 16 ноември 2024

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност одржа средба со студенти од Филозофскиот факултет

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност одржа средба со студенти од Филозофскиот факултет

Скопје, 1 ноември 2024 (МИА) - Комисијата за одбрана и безбедност, предводена од претседателот Павле Арсоски, одржа средба со студенти од Институтот за безбедност при Филозофскиот факултет.

Како што соопштуваат од Собранието на Република Северна Македонија, Арсоски ги запознал студентите со работата на Собранието и надлежностите на Комисијата, вклучувајќи го и неодамнешното отворање на првата заштитена соба.

Пратеничката Марија Петрушевска ги охрабрила студентите да се посветат на образованието и да го применат стекнатото знаење во земјата.

Професорот од Филозофскиот факултет Марјан Ѓуровски изразил благодарност за можноста студентите да се запознаат со улогата на Собранието во безбедносниот систем.

Студентите имале можност да поставуваат прашања и да се запознаат со историјата на законодавниот дом и значењето на парламентарната демократија. ар/дма/
Фото: Собрание 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан