• четврток, 19 декември 2024

Градоначалникот на Сарај: Поликлиниката Сарај не функционира и десет месеци од нејзиното отворање

Градоначалникот на Сарај: Поликлиниката Сарај не функционира и десет месеци од нејзиното отворање

Денеска сме тука пред Поликлиника Сарај да ја изразиме нашата загриженост за нередовното функционирање на оваа здравствена установа која е многу важна за жителите на нашата општина. 

По многуте вербални и писмени поплаки што стигнаа од нас како локална власт, најдовме за потребно јавно да се обратиме до Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје – Скопје и до јавноста за нефункционирањето на Поликлиниката во Сарај. 

По десет месеци од свечното отворање и пуштање во употреба на Поликлиниката во Сарај, истата се уште не успеала да функционира како што беше планирано, да биде во целосна служба на жителите на нашата општина. 

Во рамките на поликликата е предвидено да функционираат следните одделенија – дневна амбуланта, стоматологија, педијатрија, лабораторија, ренген соба и аптека. Во моментов дел од одделенијата функционираат делумно, а дел воопшто не функционираат како педијатрија и фармација.

Жителите на Сарај се уште не успеваат да ги добијат соодветните здравствени услуги од оваа поликлиника и се принудени да одат уште подалеку во другите општини, за да ја добијат потребната здравствена помош.

Оваа непријатна ситуација предизвикува забуна кај жителите на Сарај. Во насока на тоа дали работи или не оваа здравствена установа, која тие долго време чекаа да се изгради и да ги исполни нивните потреби.

Затоа, ја користиме можноста јавно да се обратиме до Министерството за здравство и до Арбен Таравари како министер одговорен за оваа институција со неколку прашања во врска со ова прашање: Зошто граѓаните на Сарај не можат да добијат целосно здравствени услуги, и оваа институција не работи со полн распоред и капацитет? Зошто и тие мали услуги што ги дава поликлиниката главно ги вршат медицинските сестри, а не лекарите кои се вработени? Зошто лекарите кои се вработени во оваа установа не доаѓаат редовно на работа и се појавуваат само по потреба, иако треба да бидат присутни со полно работно време и секој ден? Зошто поликлиниката работи само со закажување, а не со полно работно време како што е планирано да работи? Зошто вработените во поликлиниката ги враќаат назад и не им даваат услуги на граѓаните кои се обраќаат во оваа здравствена установа? Зошто не работат педијатриското и фармацевтското одделение и ноќната дежурна смена? Зошто не се продолжи со дополнително опремување, со кадар и опрема за оваа здравствена установа? 

Ние како локална власт која континуирано која континуирано се залага за доброто на нејзините жители и кои придонеле за изградба и формирање на оваа здравствена установа, апелираме до Министерството за здравство и до Арбен Таравари итно да преземат мерки и да овозможат целосно и редовно функционирање на Поликлиниката во Сарај. Вие го водите ова министерство и како дел од актуелната влада не можете да најдете причина да не дејствувате. Но, напротив, време е да ги исполните вашите обврски и да овозможите целосно функционирање на оваа здравствена установа која е од витално значење за над 44.000 жители на Сарај.

Прес-конференција на градоначалникот на Општина Сарај, Илас Весели

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

 

Остани поврзан