• среда, 27 ноември 2024

Скопје ќе биде домаќин на меѓународен М25 тениски турнир

Скопје ќе биде домаќин на меѓународен М25 тениски турнир
Скопје, 1 јуни 2022 (МИА) - Од 6 јуни до 12 јуни, на терените на тенискиот клуб „Југ“ ќе се одржи „Skopje Open 2022“ – професионален M25 тениски турнир за мажи со награден фонд од 25.000 долари кој е од календарот на Интернационалната Тениска Федерација (ITF). Квалификациите за турнирот ќе започнат на 5 јуни и во нив учество ќе земат 64 професионални тенисери од различни земји, додека главниот турнир започнува на 7 јуни во кој ќе учествуваат 32 натпреварувачи. На „ITF“ М25 турнирот во Скопје ќе бидат натпреварувачи од Шпанија, Холандија, Бразил, Шведска, Израел, Германија и многу други земји од светот. Од македонските тенисери учество ќе земат Горазд Србљак, Стефан Мицов, Калин Ивановски, Обрад Марковски. M25 турнирот ќе биде најава за „тениското лето“ кое му претстои на македонската метропола, каде во периодот јуни - јули ќе се одиграат три интернационални турнири. Веднаш по крајот на овој турнир, на 13 јуни започнува и машкиот M15 турнир со награден фонд од 15.000 долари, кој ќе трае до 19 јуни. За месец јули е закажан и женскиот турнир „Billie Jean King Cup“ за регион Европа и Африка, Група 3. На него ќе учествува и најдобрата македонска тенисерка на сите времиња, Лина Ѓорческа. зс/

Остани поврзан