• четврток, 12 февруари 2026

Астон Вила враќа играч од позајмица

Астон Вила враќа играч од позајмица

Бирмингем, 21.јануари 2026 (МИА) – Премиерлигашот Астон Вила го врати од позајмица од Рома својот играч Леон Бејли. Враќањето на репрезентативецот на Јамајка го објави клубот преку соопштение.

Бејли во август беше „пратен“ на позајмица до крајот на сезоната, но тој во дресот на Рома одигра само 11 натпревар.

Бејли како член на Астон Вила е од 2021 година, а претходно настапуваше за Баер Леверкузен и Генк. Инаку, двата клуба се договорија репрезентативецот на Јамајка да се врати во Астон Вила. Мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан