Триумф по продолжение за ТФТ во АБА 2 лигата
- Кошаркарите на ТФТ ја постигнаа четвртата победа во АБА 2 лигата откако вечерва на домашен терен по продолжение ја совладаа екипата на Слобода со 96:91
Скопје, 21.јануари 2026 (МИА) – Кошаркарите на ТФТ ја постигнаа четвртата победа во АБА 2 лигата откако вечерва на домашен терен по продолжение ја совладаа екипата на Слобода со 96:91. Резултат по четвртини: 27:21; 26:22; 17:21; 11:17 и 15:10.
Избраниците на тренерот Боро Смилковски одиграа добро прво полувреме и имаа предност од 53:43, но гостите од Тузла успеаја да ја надополнат негативата откако вториот дел одиграа подобро во одбраната и второто полувреме го добија со 38:28. Притоа успеаја и негативата од четири разлика ја анулираа за 81:81 во регуларните 40 минути.
Дополнителните пет минути беа во знакот на екипата на ТФТ особено откако поведоа со единаесет разлика – 94:83, а гостите немаа сили за пресврт.
Со оваа победа екипата на ТФТ се проби на четвртото место на табелата со скор (4-2 победи/порази), колку што имаат уште три екипи. Мн/
Фото: МКФ