• петок, 27 декември 2024

Скопје домаќин на тенискиот фјучерс „Триглав Опен“

Скопје домаќин на тенискиот фјучерс „Триглав Опен“

Скопје, 11 септември 2023 (МИА) – Со осум дуели од главните квалификации, како и шест натпревари од воведното коло, денеска на терените на Тенискиот клуб „Југ“ во Градскиот парк официјално почнува фјучерсот „Триглав Опен“, кој се игра за награден фонд од 40.000 долари.

На турнирот ќе настапат три македонски тенисерки, Лина Ѓорческа, Магдалена Стоилковска и Ива Данева, додека преостанатите шест домашни тенисерки, не успеаја изминатиот викенд да го минат првото квалификациско коло.

Најдобрата македонска тенисерка Ѓорческа, која е четврти носител, е слободна во првото коло, додека Стоилковска ќе го почне настапот против Лексие Стивенс од Холандија, а Данева за противничка ќе ја има Ксенија Ласкутова од Русија. ег/дма/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан