Конечно постигнат договор: Ван Дајк останува во Ливерпул
- Фудбалерите на Ливерпул оваа сезона играат добро во Премиер лигата, но и во Лигата на шампионите. „Црвените“ со недели работат на новите договори на клучните играчи, а информациите велат дека тие успеале да убедат еден од најдобрите свои играчи во последните шест години да остане ма „Енфилд“.
Ливерпул, 26 декември 2024 (МИА) - Фудбалерите на Ливерпул оваа сезона играат добро во Премиер лигата, но и во Лигата на шампионите. „Црвените“ со недели работат на новите договори на клучните играчи, а информациите велат дека тие успеале да убедат еден од најдобрите свои играчи во последните шест години да остане ма „Енфилд“.
Станува збор за Вирџил ван Дајк. Вестите од Островот стигнуваат на денот кога Ливерпул го пречекува тимот на Лестер во 18. коло од Премиер лигата.
„Марка“ тврди дека Ван Дајк одлучил да потпише нов договор со Ливерпул и дека тоа ќе се случи наскоро. Според новиот договор, искусниот дефанзивец ќе остане меѓу „црвените“ најмалку до летото 2028 година.
Вирџил ван Дајк пристигна во Ливерпул во јануари 2018 година од Саутемптон, кому му беше исплатена отштета од 85 милиони евра. Оттогаш, холандскиот стопер одигра 292 натпревари за „црвените“, постигнувајќи 25 гола и 13 асистенции. дс
Фото: Архива