• среда, 13 ноември 2024

Сити и Јунајтед потрошија повеќе од милијарда евра за сегашниот состав

Сити и Јунајтед потрошија повеќе од милијарда евра за сегашниот состав
Лондон, 6 септември 2022 (МИА) - Меѓународниот центар за спортски истражувања (CIES Football Observatory) состави рејтинг за трошоците за трансфери меѓу клубовите од најдобрите пет лиги во Европа. Местата во рангирањето беа распределени во зависност од вкупниот износ на трансфери за купување на играчи од тековниот тим, земајќи ги предвид и исплатите на бонус. На првите две места се премиерлигашите од Манчестер кои надминаа една милијарда евра. Топ 10 рејтинг: 1. Манчестер Сити (1,064 милијарда евра) 2. Манчестер Јунајтед (1,001 милијарда евра) 3. Челзи (881 милиони евра) 4. ПСЖ (847 милиони евра) 5. Ливерпул (777 милиони евра) 6. Реал Мадрид (721 милиони евра) 7. Барселона (626 милиони евра) 8. Арсенал (534 милиони евра) 9. Тотенхем Хотспур (519 милиони евра) 10. Атлетико Мадрид (502 милиони евра). зс/

Остани поврзан