• среда, 04 декември 2024

Синоќешните настани во Куманово треба да ги осуди секој граѓанин на оваа земја оти не не водат напред, тврди Муртезани

Синоќешните настани во Куманово треба да ги осуди секој граѓанин на оваа земја оти не не водат напред, тврди Муртезани

Скопје, 2 декември 2024 (МИА) - Министерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ Орхан Муртезани ги осуди синоќешните настани во Куманово и оцени дека е можно тие да се предизвикани намерно со цел да создадат дестабилизација, а на полицијата е, вели, да ги истражи и разреши. 

-Мислам дека за тоа треба да кажат органите на редот и мирот, односно полицијата. Такви настани секако дека не помагаат, дека се можеби намерно дизајнирани да создадат инциденти, тензии, дестабилизации за кои што ние поголем период зборуваме. Секако дека и јас ги осудувам и треба секој граѓанин на оваа земја да ги осуди, бидејќи таквите настани не не водат напред, туку сакаат да не држат тука каде што сме, а и полошо да не вратат назад, вели Муртезани прашан во својство на претставник на коалицијата ВРЕДИ која е дел од Владата, за коментар за синоќешните настани во Куманово.

Ноќеска во Куманово беа опожарени деловен објект на улица „11 Октомври“ и три патнички возила на улиците „Трст“, „Вардарска“ и „Никола Вапцаров“,  од кои едното „фолксваген пасат“ било во сопственост на јавниот обвинител Џелал Бајрами.

Увид извршила екипа од СВР Куманово, известен е и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случаите. вг/аа/

Фото: МИА 

 

Остани поврзан