МИА Најави МКД (ДПЛ)
- 4 декември 2024
4 декември 2024
Скопје - Седница на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади. (Сала 4/12:00)
Скопје - Седница на Законодавно правната комисија. (Сала 4/12:15)
Скопје - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе одржи средба со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ. (МВР/11:00, изјави за медиумите на крајот од официјалната средба, пристигнување на медиумите/10:45)
Тирана - Министерот за одбрана Владо Мисајловски ќе учествува на министерскиот состанок на САД-Јадранската повелба, попозната како групата А5.
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе учествува на панел дискусија „Подобро образование за посилен раст“ за Економскиот извештај на Светска банка за Европа и Централна Азија. (Ректорат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје/13:00)
Скопје - Завршен настан во рамки на проектот „Сузбивање на сексуално и родово-базирано насилство во дигиталната сфера“ којшто УНДП го спроведува со финансиска поддршка од Јужна Кореја на кој ќе се обратат Муамет Реџепи, помошник министер за внатрешни работи, Тања Кикерекова, раководител на Секторот за меѓународна правна соработка во Министерството за правда, Спасенка Андонова, јавна обвинителка во ОЈО и Ана Чернишова, заменичка постојана претставничка на УНДП во Северна Македонија. (х.„Хилтон“/12:00)
Скопје - Министерот за спорт Борко Ристовски ќе присуствува на свеченоста под слоганот „Поддршка вредна злато“ на која ќе ги додели стипендиите „Спортска надеж“. (Национална опера и балет/12:00, изјава за медиуми/12:45)
Скопје - Извршниот директор на Стопанската комора на Северна Македонија, Антони Пешев и Џери Дајбл, претставник на канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија ќе го отворат Саемот за вработување во организација на Стопанската комора на Северна Македонија. (х.„Мериот“/10:00, изјави за медиуми пред почеток на настанот)
Скопје - Конференција за енергетика на Југоисточна Европа во организација на Меѓународната организација за дигитален развој на трафостаници. (Факултетот за електотехника и информатички технологии - ФЕИТ/09:00)
Скопје - Уставниот суд ќе ја одржи 31-та седница. (Уставен суд/09:30)
Скопје - Институтот за комуникациски студии (ИКС) ќе одржи конференција на тема „Одговорни институции преку зголемена транспарентност и политичка комуникација“. (х.„Холидеј ин“/13:00, изјави за медиуми по воведните обраќања)
Скопје - Економскиот факултет во Скопје организира настан по повод доделувањето на Нобеловата награда за економија за 2024 година. (Економски факултет, амфитеатар 2/11:00)
Скопје - Лексикографски центар „Георги Старделов“ при МАНУ и Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија ќе го промовираат терминолошкиот речник: ХЕМИЈА во рамките на макропроектот Македонска научна и стручна терминологија. (МАНУ, Амфитеатар/12:00)
Скопје - Работилница „Унапредување на известувањето за родово-засновано насилство во медиумите во Северна Македонија (Работилница за професионалци/ки од локалните медиуми)“ во организација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. (10:00)
Штип - Промоција на книгите „Млади, миграции и образование“ од авторите Страшко Стојановски, Ана Панева и Кристијан Панев и „Непланираното дете на Европа, Македонија како дел од Источното прашање во 19 век и евроатланските интеграции во 21 век“, од авторите Дејан Маролов и Јорданка Галева. (Тренинг центар на Правен факултет/12:00, изјави за медиуми/11:45)
Кавадарци - Шведскиот илустратор на детски книги Емил Максен ќе ја промовира книгата „Големиот банкет“ чиј автор на текстот е Сара Бергмарк Елфгрен. (Општинска библиотека „Феткин“/12:00)
Скопје - Промоција на романот „Тони“ на Румена Бужаровска. (Јавна соба/20:00)
Охрид - Промоција на „Охридска археолошка азбука“ литература за деца и млади. (Општина Охрид, голема сала/12:00)
Скопје - Промоција на стихозбирката ,,Исихијаˮ. (ЈУ Дом на култура ,,Кочо Рацинˮ/19:00)
Скопје - Разговор со поетесата Ана Голејшка Џикова автор на стихозбирката „Слобода А“. (Градска библиотека, спомен-соба „Т’га за југ“/19:00)
Скопје - Отворање на изложбата „Се за портретот“. (Галеерија Остен/19:00)
Скопје - Рецитал на македонскиот пијанист Дино Имери, на кој ќе ги изведе маестралните Голдберг варијации од Бах. (Културно-информативен центар, Салон 19,19/20:00)
_______________________________________________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***