• вторник, 24 декември 2024

Синер ја префрли вината за допинг скандалот на двајца соработници: Тандем доби отказ пред УС Опен

Синер ја префрли вината за допинг скандалот на двајца соработници: Тандем доби отказ пред УС Опен

Њујорк, 23 август 2024 (МИА) - Јаник Синер го започнува нападот на Гренд слем титулата во Њујорк без двајца негови поранешни соработници, откако ги отпушти Умберто Ферари и Џакомо Налди непосредно пред почетокот на Отвореното тениско првенство на САД (26 август - 8 септември).

Првиот е фитнес тренер, вториот е физиотерапевт, а светскиот тенисер број еден очигледно ги смета за виновни што забранетата супстанца „клостебол“ влезе во неговото тело за време на Мастерсот во Индијан Велс, оваа пролет и половина година подоцна тој заврши во центарот на допинг скандал.

Тие двајца извесно време не се појавуваа на тренинзите на Синер, а „Кориере дело спорт“ тоа го објаснува како логичен потег со оглед на тоа што Синер смета дека нивното невнимание го чинело пад на допинг тест и одземање на АТП поени.

И, пред се, нарушена репутација, затоа што Италијанецот одлично се снајде во споредба со Симона Халеп, на пример, која исто така тврдеше дека е невина, а сепак беше „осудена“ на долга суспензија, со оглед на тоа што многумина посочија прст на него и АТП поради благите санкции.

Синер беше назначен за прв носител на УС Опен. дс

Фото: Архива

Остани поврзан