• сабота, 05 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Премиер лигата воведува полуавтоматизирана технологија за проценка на офсајд

Премиер лигата воведува полуавтоматизирана технологија за проценка на офсајд

 

Лондон, 1 април 2025 (МИА) – Почнувајќи од 12 април на натпреварите во англиското фудбалско првенство ќе биде воведена полуавтоматизирана технологија за проценка на офсајд, соопшти вечерва Премиер лигата.

Технологијата е дизајнирана да ја подобри „брзината, ефикасноста и конзистентноста при донесувањето одлука во спорните офсајд ситуации“, се вели во соопштението.

„Технологијата обезбедува поефикасно поставување на виртуелната офсајд линија, користејќи оптичко следење на фудбалерот и генерира виртуелна графика за да обезбеди подобро искуство за навивачите“, се додава во соопштението.

Првиот премиерлигашки натпревар на кој ќе се користи технологијата ќе биде дуелот меѓу Кристал Палас и Манчестер Сити на 12 април. ег

ФОТО: Икс

Остани поврзан