• сабота, 23 ноември 2024

Синер го победи Де Минаур на завршниот АТП турнир

Синер го победи Де Минаур на завршниот АТП турнир

Торино, 11 ноември 2024 (МИА) - Италијанскиот тенисер Јаник Синер синоќа го победи Австралиецот Алекс Де Минаур во меч од завршниот АТП турнир 2024 година.

Во меч што траеше 1 час и 24 минути, 23-годишниот Италијанец победи со 2:0, по сетови 6:3 и 6:4.

Синер сервираше осум пати, направи една двојна грешка и реализираше три од седум брејк топки. Неговиот противник имаше три аса, две двојни грешки и една реализирана брејк топка.

Следен противник на Синер ќе биде Американецот Тајлер Фриц, додека Де Минаур ќе игра против Русинот Данил Медведев.

Наградниот фонд на турнирот во Торино изнесува 15,3 милиони долари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан