• сабота, 23 ноември 2024

Силјановска Давкова: Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета е неосновано со европско знаменце

Силјановска Давкова: Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета е неосновано со европско знаменце
Скопје, 8 февруари 2022 Би сакала да проговорам за Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета иако морам да кажам дека за време на самата седница забележав дека нема претставници на релевантните новинарски асоцијации, нема новинари, а мислам дека во инклузивен систем мораше да ги има. Значи, интересен текст бидејќи во 2012 година да ве вратам назад се декриминализира навредата и клеветата и јас одоговрно тврадам дека и денеска има сеиозни демократски држави во кои навредата не фигурира како дело. Зошто сега овој текст, предлагачот, Министерството за правда се повикува на експертски мисии, на пресуди на Судот за човекови права, на детектирани проблеми во овие 30 години, на ставови и мислења на судии, здруженија на новинари односно на ЗНМ, на Советот за етика во медиумите посочувајќи ги како инспиратори и иницијатори за донесување на нов Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Јас во мојата дискусија посочив дека би сакала да ги слушнам нивните ставови во текот на расправата односно дебатата. Повторно законот е закитен со европско знаме, неосновано и вистинската причина не е потребата за хармонизација со европското право туку дислокација од Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците како надлежна за овој закон во супер Комисијата за европски прашања. Дека нема основ доволно зборува следниов податок. Имено, во целиот закон единствено усогласување  е со членот 28 од директивата 2010 на Европскиот Парламент и Совет ианку се работи за директива на аудиовизуелни услуги и сега мене навистина не ми е јасно како може ова да биде алиби за да се најде законот на Комисијата за европски прашања, инаку кога веќе го споменав усогласувањето да кажам дека во членот 28 се зборува за остварување на правото на одговор или правен лек на физичко или правно лице чии интереси, углед и добар глас се повредени но се наведува и дека не треба да е наметнуваат неразумни услови и претпоставки. За еден  неразумен услов и претпоставка веќе слушнавте, замислете дека може да се најде физичко или правно лице да треба да одговара затоа што критички се однесува кон некого. Понатаму, што е тука чудно? Номотехничка катастрофа. Во законот нема поимник. Наместо поимник кој што секогаш е напред во текстот на законот, таму егзистира еден член, членот 5, кој што има наслов, „Значење на законските изрази“ со се на се, 5 става. Понатаму, во воведот предлагачот се повикува покрај на директивата, на низа документи, да не ви говорам за начинот на кој што се цитирани, само еден пример. Вака вели, „коментари на редивираниот нацрт Закон за фраѓанска одгооврност за навреда и клевета и нацрт законот за именување на криминалниот законик“. Мислам дека фројдовски е синдромов кога значи криминален законик и цитира автор. Дури и во презентирањето на појдовните позиции, а тие се врзани за слободата на мислата и слободното изразување на мислата и говорот има многу грешки. Авторите како да не снаат дека слободата на мислата и слободата на изразувањето на мислата заедно со уверувањето и совеста и вероисповеста не можат да се ограничат дури ни за време на воена и вонредна состојба. Всушност така вели членот 16 и членот 54 од Уставот. Кога ќе го прочитате членот 3 од законот, а тој се однесува основните начела на законот, ќе се соочите со една целосно нејасна формулација која е очигледно превод од англиски или француски. Го споменав еден од најконтроверзните членови, членот 6, во чии став 1 се вели „се одговара за клевета дури и за негативно мислење“ што асоцира на вербален деликт. Членот 7  е исто така посебна приказна. Не е усогласен дури ни со Уставот односно со членот 64 од Уставот, за тоа што во Уставот се вели дека ние пратениците имаме материјален имунитет и дека не можеме да бидеме повикани на кривична одговорност или притворени за искажано мислење или гласање во Собранието но овде во наброените основи на крајот се вели дека, освен ако во тоа немало зла намера. Неверојано нешто. Во членот 8 замислете, на неколку места се употребува некаков си глагол „пронесува“, нензма што значи. Понатаму, во членот 11 кој што се однесува на вас новинарите се вели дека новинарот нема обврска да го открие својот таен извор, јас реков дека нема потреба воопшто да стои таен извори јавен извор бидејќи извор си е извор и ниту еден новинар не смее да биде должен да го открие изворот. Впрочем и самиот наслов е заштина на изворот на информациите, а сега се соочуваме со таен извор. Она што исто така ме чуди е што во текстот воопшто не се споменува медијацијата. Бидејќи, кога се во прашање навредата и клеветата, најчесто доколку не дојде до извинување или за да дојде до извинување, наместо по судски процедури се посега по медијација. Всушност, во текстот се посочува дека во изработката учествувало и ЗНМ ама јас го најдов текстот на ЗНМ во кои што се вели што поскоро да почне изработка на нов Предлог закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета ама многу убаво пишува дека делот за медијацијата треба да е облигаторен со цел да се исцрпат сите механизми пред да настане судската пресуда бидејќи ние сме познати како парничарска нација. Исто така, би сакала со експерти, со новинари да имав шанса да разговарам за висината за предвидените надомести на штети, во членот 18, зошто таму се вели, најмногу 400 евра за нематеријална штета за навреда или клевета сторена од новинар, 2000 евра ако е тоа уредник или негов заменик или 5000 евра ако е од правно лице. Јас би сакал експерт да ми посочи дали се овие казни соодветни, зборувам за експерт од сферата на казненото право и граѓанското, а би сакала да ги чујам и новинарите, би сакала да ги чујам и уредниците, правните лица што мислат за ваквото санкционирање. Членот 21 го регулира рокот за поднесување на тужба и тој изнесува 3 месеци од денот на дознавањето од страната на тужителот. Тоа се на кратко моите размислувања по однос на овој закон. Гордана Силјановска Давкова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ _______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан