• четврток, 26 декември 2024

Силите на воената хунта во Мјанмар нападнаа камп на демонстранти

Силите на воената хунта во Мјанмар нападнаа камп на демонстранти
Најпитав, 7 април 2021 (МИА) – Силите на воената хунта во Мјанмар денеска нападнаа камп на демонстранти и, според локалното население, убиле и раниле неколку лица. Силите на воената хунта упаднаа во кампот на демонстрантите во градот Кале во регионот Саиганг, епицентарот на немирите, од каде се бара враќање на власт на законски избраната премиерка Аунг Сан Су Чи и нејзината цивилна влада. Порталот Мизима јави дека очевидци пријавиле пукање и убиство на три лица. Организацијата што ја следи блокадата на Интернет, НетБлокс соопшти дека Мјанмар од февруари е во „информативен колапс“ и оти комуникациските канали се сериозно ограничени, вклучително и печатот. Од почетокот на немирите загинаа 581 лице, вклучително и десетици деца, а хунтата уапси речиси 3,5 илјади лица, се вели во извештајот на Здружението за политички затвореници. Армијата на Мјанмар изврши воен удар на 1 февруари годинава и ја презеде власта во земјата под изговор дека изборите во ноември биле нерегуларни. Војската прогласи едногодишна вонредна состојба и ги уапси членовите на Владата, меѓу кои и лидерката на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи. Масовните протести против воениот удар почнаа на 6 февруари. јт/

Остани поврзан