Европските производители на автомобили го поддржуваат намалувањето на царините со САД
- Европските производители на автомобили го поддржуваат намалувањето на царините со САД, соопшти денеска Европската комисија по разговорот меѓу претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и претставници на секторот.

Брисел, 8 април 2025 (МИА) - Европските производители на автомобили го поддржуваат намалувањето на царините со САД, соопшти денеска Европската комисија по разговорот меѓу претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и претставници на секторот.
Присутните на средбата изразија силна загриженост за последиците од царините објавени од САД и ја истакнаа неизвесноста за синџирите на снабдување. Тие изразија поддршка за намалувања на царините од двете страни како дел од договореното решение.
Фон дер Лајен и европскиот комесар за трговија Марош Шефчовиќ вчера објавија дека ЕУ во февруари им понудила на САД нулта царини за увоз на автомобили.
Според европските медиуми, Трамп синоќа оваа мерка ја опиша како „недоволна“. ЕК синоќа испрати предлози до земјите од ЕУ за одмазднички мерки за американските царини, кои би можеле да стапат на сила следната недела доколку добијат одобрение. рп/
Фото: ЕПА