• четврток, 26 декември 2024

Се реконструира дел од велешката улица „Прохор Пчински“ кон црквата „Св. Спас“

Се реконструира дел од велешката улица „Прохор Пчински“ кон црквата „Св. Спас“

Велес, 7 август 2023 (МИА) - Во тек се градежните работи за реконструкција на оштетените површини на дел од велешката улица „Прохор Пчински“ што води кон црквата „Свети Спас“.

Како што информираат од Општина Велес, градежните работи започнаа во петокот и треба да завршат за десеттина дена, односно до крајот на ова недела.

 Во текот на изведувањето на градежните зафати  поставена е сообраќајна сигнализација.

-Се замолуваат граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација, да покажат трпение и разбирање додека се изведуваат градежните работи, апелираат од Општина Велес.ад/фф/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан